Почетна

Почетна

 

Добредојдовте

 

Здружението на жени земјоделки АГРО-ВИНКА Виница има реализирано  повеќе проекти во последните три години. Учество на Здружението во проекти и активности на Општина Виница:

– Агро-Винка како локален координатор во соработка со општина Виница во период од март2014 / 2016 година  изработи Стратегија за климатски промени во општина Виница преку процесот на зелена Агенда (одржани 42 работилници) и изработена Општинска Стратегија за Климатски Промени (ОСКП) за Виница за период 2015-2025 година од кои приоритети излегоа подолу реализираните проекти:

– Чистење на Кајанечки дол како итна акција

– Уредување на коритото на река Осојница низводно и возводно од мостот на река    Осојница во село Јакимово како пилот проект

– Ревидирање на стратегија за рурален развој во Општина Виница, Изработка на Локален акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Општина Виница (2016-2020)

– Активно учество во донесувањето на одлуки за организирање на програмата Форуми во заедницата

– Член на оперативна група за организирање на Форуми во заедницата финансирани од Општина Виница и SDС, со поддршка од CIRa

Пртоектот „БИДИ ПЧЕЛАР!“ подржан од Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР)  – Одржани 4 работилници за млади пчелари  во Виница и ЗГ ПОЛИМАТ13 Богданци 2016 год. Проектната иницијатива  е поддржана од Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени спроведуван од Мрежата за рурален развој на РМ и ќе придонесе кон подобрување на капацитетите на организациите членки на МРР во и создавање партнесртва за понатамошна заедничка реализација на активности од областа на руралниот развој.

Општа цел на проектот е да придонесе кон развој на руралните средини со афирмирање и искористување на потенцијалите за развој на пчеларството и соработка на чинителите од различни региони.

Специфични цели на проектот:

  1. Охрабрување на иницијативи во општините Виница и Богданци за одржливо искористување на природните ресурси за развој на пчеларството.
  2. Поттикнување на соработка помеѓу одгледувачите на пчели преку размена на искуства, знаења и вештини.
  3. Зголемување на учеството на членките на МРР во заеднички активности од областа на руралниот развој.

Активности и резултати

За постигнување на зададените цели и очекуваните резултати во месец Мај, Јуни и Јули 2016 година беа превземени следните активности:

  1. Информативни состаноци со пчеларите
  2. Теренска посета на пчелини заедници во Виница и Богданци
  3. Обука за афирмација и развој на пчеларството во Виница

Проектот се реализираше во  месеците  мај, јуни и  јули според  предвидените активности,  кои со овој проект беа предвидени, а како резултат се постигна зголемена информираност на населението од општините Виница и Богданци за можностите за развој на пчеларството како придонес за руралниот развој,  развиена соработка помеѓу 20 потенцијални и активни одгледувачи на пчели од општините Виница и Богданци и Зајакнат капацитетот  за проектно работење и заедничко учество во активности од областа на руралниот развој на организации  членки на Мрежата за рурален развој – АГРО – ВИНКА и ПОЛИМАТ 13.

На Обуката  за афирмација и развој на пчеларството  присуствуваа  27 учесници  од кои помалку од  половината пчелари беа активни пчелари  а другите беа почетници кои  се стекнаа со  знаења за економските ефекти од одгледување на пчели, количините на производите од пчели и трошоците при нивното производство. Пчеларите на оваа обука имаа можност да  се стекнат со знаења за можностите за подобрување на технолошките постапки за зголемување на приносите и редуцирање на ризиците поради кои се намалуваат приносите и бројот на продуктивните пчелни заедници.

Проектот „Имплементација на термоизолациона фасада на детската градинка ОЈУДГ – Гоце Делчев во општина Виницa“  го спрове Здружението на жени земјоделки „АГРО-ВИНКА“ од Виницa, во партнерство до Детската градинка „Гоце Делчев“,и се однесува  на темата користење на обновливи извори на енергија, практитки кои се во согласност со животната средина (“environmental friendly practices”) и техники за заштеда на енергија. Проектот е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координатори на програмата се Фармахем од Македонија и Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија.

Општа цел : Намалување  на  трошоците за греење и ладење, во просториите на градинката и намалена продукција на CО2 преку изработка на термоизолациона фасада како една од методите  и техниките за заштеда на енергија.

Резултат од овој проект е:  изработена  термоизолациона фасада на  градинката  со површина од 590 м2.

– обезбедување подобра топлотна и звучна изолација на просториите во кои престојуваат децата,

– заштеда на трошоци за дрвени пелети  за греење за 20%

– заштеда на електрична енергија и намалено користење на клима уредите

– заштита и зачувување на животната средина

– подигната јавна свест за зачувување на природата и користење на обновливи извори на    енергија и примена на енергетско ефикасни мерки и техники.

Резултати од имплементацијата на проектот „Добра земјоделска пракса – богат биодиверзитет  “Проектот е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија,која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координатори на програмата се Фармахем од Македонија и Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија.

Целна група беа земјоделци од четирите општини (Виница, Зрновци, Кочани и Чешиново-Облешево) кои беа партнери во проектот.  Проектот „Добра земјоделска пракса – богат биодиверзитет“ беше подржан од Програма  за зачувување на природат во Република Македонија (ПЗП)  2016 год.

Како дел од активностите во проектот беа одржани 20 работилници  во четирите општини каде земјоделците беа информирани како да ги искористат жетвените остатоци како ресурс  а не да ги палат и да ја загадуват природата.

Резултати од проектот-Информирани и едуцирани 400 одгледувачи на житни култури

– Почитување  и спроведување на препораките за добра земјоделска пракса кај 80% од земјоделците кои во претходните години вообичаено ги палеле  жетвените остатоци

Проектите подржани од ПЗП се приоритети од Акциониот план од Стратегијата за Климатски промени за општина Виница.

Проекти каде што Здружението АГРО-ВИНКА е партнер

-„Еколошки едуцирана млада популација – двигател на оддржливиот развој во заедницата“ во соработка со Еколошко здружение за рурален развој ЈАВОР од Општина Зрновци

– Проект „Осмелисе“  Обука за претприемништво и бизнис планирање и практична обука за млади пчелари .проектот е подржан од Мрежата за поддршка на млади претприемачи (YESNetwork) во партнерство со со Еколошко здружение за рурален развој ЈАВОР од Општина Зрновци 2015

– Проектот „Рурален  туризам одржлив развој“ финансиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР) во партнерство со ЗГ ХОРТИ ЕКО Стумица 2015

– Проектот„Магичниот пат на органското производство“финансиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР) во партнерство со ЗГ ХОРТИ ЕКО Стумица 2016